Пет пати неуспешно најмувал убиец да ја убие жена му

Рускиот суд го осуди Константин Монастирски на осум ипол години затвор затоа што во пет наврати пробал да ја убие сопругата најмувајќи луѓе кои лажно се претставувале како професионални убијци.
Според пишувањата на весникот "Московски комсомолец", овој 47 - годишен бизнисмен планирал да се ослободи од сопругата алкохоличарка.
Поради тоа што несакал со неа да го подели имотот, што секако ќе се случело ако се развеле, одлучил да ја убие.
Монастирски тогаш се обратил кај маж кој се претставил како професионален убиец и му дал аванс од 200.000 рубљи (4.160 евра) од вкупната договорена сума од 700.000 рубљи (14.560 евра).
Бидејќи наредните недели ништо не се случило, Монастирски почнал да врши притисок на "убиецот", кој во меѓувреме парите од авансот ги потрошил на алкохол.
Измамникот се исплашил и го пријавил "клиентот" во полиција која веднаш ја известила сопругата.
Заедно со полицијата таа го исценирала своето убиство, но Монастирски не наседнал и одлучил на убиецот да му ги даде и преостанатите 500.000 рубљи за да го убеди да го изврши ветеното. Полицајците го уапсиле во моментот на предавање на парите.
Во притворот Монастирски признал дека тоа не било прв пат, туку веќе петти обид да ја убие сопругата, но секогаш наоѓал измамници кои му земале помеѓу 100.000 и 500.000 рубљи, а потоа исчезнувале без трага.
 

 

 
16.08.2014 - 15:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега