Наталитет: Училиштата со помалку деца - наставниците со помалку работа

Директорите на четири  основни училишта во Штип вчера од Советот на Општина Штип побарале  согласност за формирање парарлелки со помал број ученици во учебната 2014/2015 година.

Претседателот на Комисијата за статус и прописи при Совет на Општина Штип, Нако Наков, за Дневник изјавил дека барањето на училиштата паралелките во прво одделение да бидат со помал број веќе неколку години наназад е пракса, бидејќи се намалува бројот на првачиња.

- Училиштата бараат помал број од 23 ученика да има во паралелките, затоа што нема доволен број на запишани деца. Училиштето „Гоце Делчев“ бара во централното училиште седум паралелки и во подрачните училишта една паралелка. Така и училиштето „Ванчо Прќе“ бара шест паралелки со помал број на ученици и една паралелка во подрачното училиште во Ново Село, изјавил Наков.

Во петте основни училишта во прво одделение се запишани околу 460 првачиња.

16.08.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега