Астероид од 1 километар ќе ја удри Земјата

 

Научниците се се поблиску до решение како да го запрат астероидот кој се заканува да го уништи човештвото на Земјата.

Научниците прецизно пресметале дека шансата овој астероид да удри е 1 према 300, а тоа би можело да се случи на 16 март 2880 година.

Астероидот има пречник од еден колиметар и патува со брзина од 9 милји во секунда, што би значело дека во Земјата ќе удри во брзина од 38.000 милји. Ударот би имал сила од 48.800 мегатони, би предизвикал огромни експлозии, цунами и би ја променил климата на Земјата.

Но, за 800 години колку претстојат до потенцијалниот удар, научниците се уверени дека ќе пронајдат начин да ја избегнат катастрофата.

16.08.2014 - 12:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега