Масакр во Северен Ирак - убиени 80 мажи и киднапирани 100 жени
Џихадистите од групата Исламска држава нападнаа село на Јазидите во Северен Ирак, убивајќи 80 мажи и киднапирајќи 100 жени.
Селото се наоѓа на околу 20 километри од планинскиот град Синџар и долго време било под опсада на џихадисти.
Киднапираните жени се однесени во контролираните од екстремисти градови Мосул и Тал Афар.
Шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари изјави дека мажите биле убиени бидејќи одбиле да го прифатат исламот, за што настојуваат екстремистите.
16.08.2014 - 10:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа