Меркел бара од Путин да го запре внесувањето луѓе и оружје во Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика рускиот претседател во телефонски разговор да стави крај на протокот на воена опрема, воени советници и вооружени лица, што ја минуваат границата со Украина.

Разговорот се одржал пред закажаната средба за утре во Берлин на министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина. Меркел изразила загриженост поради ситуацијата во Источна Украина, изјави нејзиниот портпарол Штефан Зајберт.

- Со оглед на потребата од итно примирје канцеларката побара од рускиот претседател да помогне за смирување на ситуацијата и особено да се стави крај на протокот на оружје, воени лица и вооружен персонал во Украина, истакна Зајберт.

Меркел, исто така, изразила надеж дека хуманитарниот конвој брзо ќе стигне до својата цел, за да го олесни страдањето на цивилното население.

16.08.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега