Утре без вода, Автокоманда, Ченто и Маџари
Корисниците од општина Гази Баба, во населбите Автокоманада, Ченто и Маџари во ниска зона утре ќе немаат вода од 7.30 до 20 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради тоа што ЈП Водовод и канализација ќе врши поправка на уличен дефект на булеварот „Александар Македонски“, кај семафорите во Автокоманда.
15.08.2014 - 16:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа