Принцот Вилијам и Кејт ќе живеат на село

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт се иселиле од Кенсингтонската палата и покрај тоа што за нејзино реновирање се потрошени 4,5 милиони фунти. Според светските медиуми тие ќе живеат на село бидејќи Кејт има големи несогласувања со моќната баба на Вилијам, кралицата Елизабета II.

Кејт и Вилијам се селат во летната викендичка во Анмер Холм во Норфолк, а се надеваат дека таму ќе имаат повеќе приватност, а на Вилијам и работата ќе му биде поблиску.

Кралицата ваквата одлука ја доживеала како силен удар против неа и безобразно кршење на кралската традиција и е многу лута.

 

15.08.2014 - 15:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа