Членови на „Боко Харам“ киднапирале десетици момчиња и мажи
Припадници на исламистичката група „Боко Харам“ киднапираа десетици момчиња и мажи во акција во село во Североисточна Нигерија. Тие со камиони ги одвеле во непознат правец, изјавија очевидци, кои успеале да побегнат.
Неколку очевидци, кои пристигнале како бегалци во градот Мајдугури, изјавија дека екстремистите убиле шестмина повозрасни мажи во нападот извршен во неделата во селото Дорон Бага, при што биле изгорени неколку куќи.
Околу 97 лица исчезнале, изјавија очевидците.
15.08.2014 - 15:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа