Најпознатото маче ќе го прослави 40. роденден во вселената

Светски познатата јапонска бела мачка со панделка на главата Хелоу Кити го слави 40. роденден и тоа во вселената, кружејќи во орбитата околу Земјата во јапонскиот сателит Ходојоши 3.

Од лансирањето на сателитот во јуни во Русија, Хелоу Кити пристојно седи покрај прозорецот од каде се гледа сината планета, додека на екранот над прозорецот се појавуваат пораките од обожавателите на јапонски или англиски јазик.

- Тоа е порака која некој сака да ја испрати од вселената за некоја посебна личност на Земјата или некоја поопшта порака, објасни Казуо Тамотсу, портпарол на Санриа, компанијата која ја произведува Хелоу Кити.

Ова маче, кое го дизајнираше јапонската дизајнерка Јуко Шимицу како бела мачка со црвена панделка, осмислено е според јапонската бобтеил мачка. Како лик првпат се појави на паричник во Јапонија во 1974 година и во САД во 1976 година. Стана планетарен комерцијален успех со низа различни производи. Позната е во целиот свет, а носителот на заштитниот знак Санрио на интернет страниците објави дека од продажбата на тој свој производ годишно остварува околу пет милијарди долари. Ликот на Хелоу Кити краси различни предмети, а во моментов и се посветени два забавни парка во Јапонија.

15.08.2014 - 14:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега