Четниците во Украина не војуваат бесплатно - еве колку се платени

"Кучиња на војната" е називот за српските доброволци што главно се борат на страната на проруските сили во Украина. Наводно се работи за доброволци од четничкото движење "Јован Шевиќ" кои се платени по 2.000 долари неделно, пренесува Телеграф.

Меѓутоа дел од нив војуваат на страната на Украина за повеќе пари (околу 3.000 долари неделно). Во нивните договори стои дека парите ќе им бидат исплатени на нивните семејства во случај на смрт, а тие ќе бидат погребани како непознати личности. 

Во Украина моментално се наоѓаат најмалку сто Срби. Во борбите учествуваат 45 припадници на четничкото движење, односно 20 доброволци, како и 20 до 30 Срби или лица со српско потеклокои порано живееле во Украина.

Минатата недела проруските борци заробиле двајца српски платеници кои со месеци војувале на страната на Киев. Префрлени се во Москва на испрашување кај руските разузнавачи.

 

15.08.2014 - 14:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа