Тијана ќе била уште жива доколку... - какви пропусти откри полицијата?

Организаторите на спортскиот турнир од кој Тијана Јуриќ се враќала кобната вечер кога беше убиена, немале дозвола за игрите, а полицијата истражува поради чиј пропуст сепак се одржала манифестацијата.

Како што дознава српскиот Курир, веројатно малата Тијана се уште ќе била жива доколку се било според закон и доколку турнирот имал обезбедување какво што требало да има. 

- Полицијата утврдува дали турнирот се одржал легално. Засега е познато дека организаторите не добиле дозвола иако осум години по ред се одржува овој турнир. Можно ли е нешто да се одвива без дозвола, вели изворот за српскиот Курир.

Инаку, Тијана враќајќи се исчезна на 26 јули. Таа беше брутално убиена, силувана и закопана од страна на Драган Ѓуриќ. Тој без ронка каење го призна делото.

15.08.2014 - 14:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа