"Никогаш нема да го заборавам преплашениот поглед на бебето" - прозборе полицаецот-херој

Никогаш нема да го заборавам погледот на бебенцето кое плачеше. Вака полицаецот-херој од Нови Пазар раскажува за драмата во која Раде Ритер сакаше да скокне од тераса со своето бебенце.

- Кога дојдов до Раде и детето, тоа ме погледна. Тој поглед на мало бебенце кое плаче никогаш нема да го заборавам, вели полицаецот Борислав Зориќ за српскиот Курир.

Тој објаснува дека се обидел да го смири таткото. 

- Драмата траеше час и половина. Фрлаше се што му дојде при рака кон нас. Го смиривме и мислевме дека тоа е крај, но тој се качи на тераса со бебето, вели полицаецот.

 

15.08.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега