Дигитализацијата на катастарските планови завршена во 60 отсто од катастарските општини

Во вкупно 1.145 катастарски општини или 60,07 проценти е завршен процесот на дигитализација на аналогните катастарски планови, а 21,2 проценти од нив се во завршна фаза на усогласување со базата на податоци од електронскиот катастар и за кратко време ќе станат дел од него.

- Крајниот рок за дигитализација на целата територија на Република Македонија со дигитални катастарски планови е декември 2015 година, но проценките на Агенцијата се дека со ова темпо на работа дигитализацијата ќе заврши неколку месеци порано, истакна директорот на Агенцијата, Славче Трпески на денешната прес-конференција.

Комплетно завршени се Виница и Валандово, а во Скопје дигитализирани се нешто помалку од 50 проценти.

- Времето за постапување по предметите каде што имаме дигитални катастарски планови и целата постапка оди дигитално е двојно пократко во однос на катастарските општини каде што катастарските планови се се уште аналогни. Бројките кажуваат дека за постапување со ваков предмет во дигитална катастарска општина потребни се нешто помалку од три работни дена, додека за останатите каде се уште плановите се аналогни, потребни се просечно седум работни дена, посочи Трпески.  

Процесот на дигитализација на катастарските планови започна во мај минатата година, а треба да заврши заклучно со крајот на 2015 година. 

15.08.2014 - 12:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега