САД не планираат да ги укинат санкциите кон Русија, вели Рубио
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека САД не разговарале со Европската унија за можното олеснување на санкциите кон Русија.
„Сè уште не сме стигнале до таа фаза“, им рече Рубио на новинарите пред средбата со украинските претставници во Саудиска Арабија.
На прашањето дали Вашингтон размислува за укинување на санкциите воведени по руската инвазија на Украина, Рубио одговори:
„Европејците имаат свои санкции, а ние не можеме… тие самите ќе треба да одлучат што се подготвени да направат“.
Рубио нагласи дека било кое конечно решение за војната ќе мора да ги вклучи европските лидери, со оглед на нивните огромни санкции против Русија.
САД имаат средства да извршат дополнителен притисок врз Москва, но Рубио изрази надеж дека тоа нема да биде потребно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа