Првиот тренинг помина без каснувања: Суарез конечно во дресот на Барселона

Луис Суарез за прв пат тренираше со Барселона. Судот за спортска арбитража во Лозана вчера му ја потврди четиримесечната казна , но го укина делот со кој Суарез несмееше ни да тренира.

ФИФА го казни Суарез затоа што го касна Џорџо Кјелинина Светското првенство во Бразил. Тоа беше трет пат во неговата кариера да касне противник на теренот. Доби четири месеци суспензија и девет меча казна во дресот на Уругвај.

Суарез би можел да дебитира за Барселона во понеделник на пријателска утакмица. Шпанските медиуми пишуваат дека казната на Суарез не се однесува на пријателски средби, но ни тоа не е потврдено

Уругваецот ќе пропушти девет меча во Примера и три во групната фаза на Лигата на шампиони. Се враќа навреме за Ел Класико против Реал Мадрид.

15.08.2014 - 12:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега