"Другарчето ме однесе во напуштена куќа и ме силуваше" - детали за хоророт во Србија
Уште еден хорор деновиве ја потресе Србија. По страотната сообраќајна несреќа во која загина 21-годишниот Лука, и бруталното убиство на Тијана Јуриќ, сега јавноста е згрозена од уште еден настан. Имено, дванаесетгодишно момченце од Нови Пазар и раскажало на својата мајка дека било силувано од две години постаро „другарче".
Според податоците на српскиот Курир, момченцето се пожалило на мајка си дека 14-годишното момче сексуално се изживувало над него. Седеле на ливада, а потоа го однел во напуштена куќа. Ги спуштил панталоните и го силувал.
Лекарските наоди говорат дека на телото на момчето нема траги на насилство, но тоа не ја исклучува можноста тинејџерот да го допирал по телото 12-годишното момче.
Се работи на расветлување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа