"Гледаме голема иднина во Македонија" - нова фабрика никнува во Штип

Почетна инвестиција од вкупно 12 милиони евра најави денеска германската компанија за стаклени влакна „Техникал текстајлс“. Изградбата на објектот од 9.000 метри квадратни треба да почне идниот месец, а планираното производство најдоцна во мај 2015 година.

Како што рече денеска сопственикот Џенс Ванланд, за почеток ќе бидат вработени 500 до 600 лица кои веднаш, по изборот во октомври-ноември, ќе се испратат на обука во Словачка. Доколку фабриката работи добро, бројката ќе достигне преку 1.000.

- Сакаме што поскоро да почнеме со производство. Гледаме голема иднина во Македонија, особено од аспект на економијата. Ова е многу добро место за инвестирање. Ако стартуваме добро, ќе повлечеме и други вложувачи тука, наши партнери, нагласи Ванланд.   

Според него, причините за вложување во Македонија се, пред се, исклучителните даночни поволности.

„Техникал текстајлс“ најрпво сакаше да инвестира во Абу Даби, но се откажа поради сложените, бирократски процедури. Сопственикот потоа ја одбрал Македонија откако во авион, во германско економско списание, прочитал за условите и можностите што ги нуди земјава за странските вложувачи. Првите контакти на компанијата со директорот на Дирекцијата за технолошко-инустриски развојни зони (ТИРЗ) Виктор Мизо беа направени на почетокот од годинава.

 

15.08.2014 - 11:07
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега