Тропската бура Карина се претвори во ураган

Тропската бура Карина во југозападното крајбрежје на Мексико се претвори во ураган, шестти во сезоната во Тихиот Океан, но не се очекува да го погоди копното, соопштија американските метеоролози.

Ураганот се наоѓа на околу 1.300 километри југозападно од мексиканскиот полуостров Долна Калифорнија, соопшти Националниот центар за урагани, со седиште во Мајами. 

Ветровите може да достигнат до 120 километри на час, сила која Карина ја означува како ураган од прва категорија на петстепената скала Сафир-Симпсон, а следните денови е можно тој да зајакне.

15.08.2014 - 10:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега