Лумпувал па го усмртил Лука - нови детали за трагедијата


Возачот кој на 25 јули ја зави Србија во црно откако го усмрти 21-годишниот Лука, па побегна со автомобилот како ништо да не се случило, пред да се случи трагедијата лумпувал! Според податоците до кои дојде српскиот Курир, полицијата моментално разговара со вработените на сплавовите во Белград за тоа дали некој го забележал убиецот на младото момче.

- Се испитуваат вработените на сите сплавови. Податоците укажуваат дека возачот на Мини-куперот лумпувал до раните утрински часови пред да го усмрти момчето, велат извори за српскиот Курир.

Засега се знае само дека автомобилот имал швајцарски регистарски ознаки.

 

15.08.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега