Научници ја докажаа поговорката: Она што трезен го мисли, пијан го кажува

Научниците од Универзитетот во Мисури докажаа дека е вистинита поговорката: Она што трезен го мисли, пијан го кажува.

Резултатите од нивната студија научно потврдија дека луѓето под влијание на алкохол се поискрени и оти поретко се повлекуваат поради страв од последиците од своите постапки.

Испитувале 67 лица, поделени во две групи. Едната група пиела вотка и тоник, а другата плацебо безалкохолен пијалак. Потоа добиле задача да препознаат одредени карактеристики на лицата на фотографии кои им биле покажани.

Забележано е дека оние кои не конзумирале алкохол, откако ќе направеле грешка тие повеќе размислуваат за следниот пат  да не ја повторат грешката.

Групата која конзумирала алкохол воопшто не се возбудувала поради грешката и продолжувала да одговара со иста брзина како и претходно. Биле свесни дека згрешиле, но едноставно не им било грижа.

15.08.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа