Во Грција укредено сирење вредно 64.000 евра

 

Повеќе од осум тони сирење во вредност од 64 илјади евра се украдени во Наксос, откако измамници измамиле возач на камион кој ја доставил пратката до нив, наместо до клиенти во Романија, соопшти грчката полицијата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, возачот изјавил дека му се јавил еден човек кој тврдел дека работи за фирмата кој го нарачала сирењето и му рекол да се сретнат во близина на магистралниот пат Солун-Катерини. Таму, други тројца мажи ги натовариле осумте тони сирење во друг камион и си заминале.

Полицијата е во потрага по 44-годишен  маж и неколку негови соучесници.

5.08.2014 - 10:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега