ФОТО: Наркоманка ја претепала својата баба за 80 долари
25 - годишната Бриџит Мацке од Флорида, која е зависничка заедно со својот сопруг, 26 - годишниот Алекс Калдвел, ја нападнала својата баба стара 84 години откако дошла кај старицата за да позајми 80 долари.
Таа ја претепала жената, и ги земала парите, но набрзо потоа била уапсена. На фотографиите кои се направени во полиција после секое апсење, јасно се гледа нејзината трансформација, односно нејзиното пропаѓање поради користење на дрога.
Таа во изминатите три години во притвор или во затвор завршила 11 пати. Прв пат е уапсена откако возела без дозвола и поради поседување на марихуана. После тоа, поради грабежи и закана на сведоци.
На сликата после првото апсење, таа изгледа како и секоја девојка, додека поради наркоманската зависност, на последната фотографија, таа е преполна со рани по лицето.
Таа моментално е во затворот на Флорида, а за да се брани од слобода ќе мора да плати повеќе од 56.000 долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа