Од 162 држави само 11 не се инволвирани во конфликти

 

Според истражувањето на Институтот за економија и мир, светот е во состојаб на војна и ситуацијата ќе продолжи да се влошува, пишува британскиот весник „Индипендент“.

Според Институтот, кој ги изготвува извештаите „Глобален индекс на мирот“, од 162 земји вклучени во истражувањето само 11 не се вмешани во никаков конфликт. 

Изминатите седум години светот станува се помалку мирен и тенденцијата за намалување на конфликтите по Втората светска војна, драстично се врти во обратна насока, се наведува во годишниот извештај на Институтот. 

Земји со најниско ниво на конфликт се Швајцарија, Јапонија, Катар, Маурициус, Уругвај, Чиле, Боцвана, Коста Рика, Виетнам, Панама и Бразил. Во Бразил и Коста Рика сепак пристапот на граѓаните до лесни оружја и веројатноста од демонстрации придружени со насилсво се мошне големи. 

Швајцарија не учествува во надворешни конфикти и има многу мал ризик од внатрешни проблеми, но вкупниот индекс на мирот опаѓа и во оваа земја поради големиот извоз на оружје.

15.08.2014 - 10:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега