Познатиот актер боледувал од тешка болест

Сузан Снајдер, сопругата на Робин Вилијамс (63) кој на почетокот на неделата изврши самоубиство во својот дом во Калифорнија, вчера изјави дека нејзиниот маж во последно време бил трезен, но дека неодамна му било дијагностицирана Паркинсова болест во рана фаза.

Таа во соопштението напишала дека нејзиниот сопруг се уште не бил подготвен јавно да објави дека боледува од Паркинсова болест. Таа исто така додала дека тој пател од депресија.

- Се надеваме дека по смртта на Робин другите ќе најдат сила да побараат помош и поддршка која им е потребна за било што со што се соочени за да ги оттргнат сопствените стравови, додала Снајдер.

Паркинсовата болест е неизлечива, а предизвикана е од наследно генетско пореметување во комбинација со до сега разјаснети фактори, а симптомите се потешкотии во изведување на посакувани движења, изразито тресење при мирување, пореметување на мускулниот тонус со чувство за кочење на мускулите и движењата, пореметување на одот, мимики и слично.

Според спроведената истрага Вилијамс се обесил и умрел од гушење. Покрај него е пронајден и крвав џепен нож, а над дланките имал траги од крв па се појавиле шпекулации дека претходно се обидел да си ги пресече вените.

Добар дел од животот Вилијамс се бореше со алкохолот и наркотиците.

15.08.2014 - 09:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега