"Си го покажуваше пенисот додека го држеше бебето во раце" - детали за драмата во Нови Пазар

Повредената Даница Р. која во средата скокна од терасата на својот стан, е во стабилна здравствена состојба и се уште се наоѓа во болница. Нејзиното бебенце со кое сопругот на Даница, 34-годишниот Раде Р. се закануваше дека ќе се убие, е сместено на детската клиника, по што ќе биде предадено на социјалните работници.

Еден ден по драмата која се одвиваше во Нови Пазар, соседите велат дека се уште се шокирани и не можат да поверуваат што се случило. Според податоците на српскиот Ало, велат дека парот и порано имал кавги, но дека ова што се случило во средата е несфатливо.

- Слушнав галама и истрчав надвор. Видов како човек стои на прозорецот од својот стан со бебе во рацете. Во еден момент ги соблече гаќите и почна да мафта со пенисот. Се дереше, галамеше, се закануваше.... вели соседка.

Раде фрлал што ќе му дојде при рака од прозорецот, пелени, предмети...по полицајците. Соседите велат дека бил на работ на лудило.

 

15.08.2014 - 09:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега