Големо невреме ја погоди Хрватска

Големо невреме проследено со пороен дожд и град, го погоди денеска карловачкото подрачје, Загорје, а поројните дождови го погодија и Загреб, додека при удар на гром изгоре семејна куќа во Копривница.

На карловачкото подрачје паѓаше силен град со големина од 2,5 сантиметри, ветрот уривал стебла.

Наврнале над 30 литри дожд на квадратен метар, а до крајот на денот се очекуваат и над 50 литри, јавија хрватски медиуми.

Поради обилните дождови во Загорје се поплавени голем број приземни куќи и подруми.

Во Загреб поројните дождови предивикаа застои во сообраќајот и голем број сообраќајки. Затворени се подвозниците во градот, соопшти полицијата.

„Метеоаларм“ објави портокалово предупредување за најголемиот дел од Хрватска.

15.08.2014 - 09:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега