Тага во Ресен по вчерашната трагедија: Кафулињата не пуштаат музика

На 13.08.2014 година, околу 20,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп во близина на с. Србци настанала сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Фиат Пунто“  со ресенски регистарски ознаки управувано од Гоце Т.(29) од Ресен и ТМВ-Тегнач „Рено“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ц.(61) од Крива Паланка.

Во незгодата од здобиените телесни повреди Гоце  починал, додека М.Ц.  се здобил со тешки телесни повреди.

Денеска и утре во знак на почит на загинатото момче, рестораните и кафе баровите во Ресен ја исклучија музиката.

 

 

14.08.2014 - 22:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега