Врие полиција пред Скопје Сити Мол

Огромен број полицајци во моментов с енаоѓаат пред, во и околу трговскиот центар Скопје Сити Мол, јавуваат читатели на Press24. За што станува збор, одговор побаравме во Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека зголеменото присуство на униформирани полициски службеници се должи на посетата на фудбалерите на младата репрезентација на Израел, кои во моментов се на шопинг токму во Скопје Сити Мол. 
Оваа фудбалска репрезентација порадо политичката состојба во која се наоѓа Израел секаде ја следи големо полициско обезбедување. Огромен број полицајци го чуваа стадионот Филип Втори и пред два дена кога тие го одржаа тренингот на нашата арена, а под силно обезбедување беше и фудбалскиот меч, кој Македонија го загуби. 

14.08.2014 - 15:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега