Засилени контроли на движењето на тешките товарни возила - ќе летаат казни за непослушни возачи

 

Во тек е забраната за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Скопје, која важи во текот на денот, и тоа од 10 до 20 часот, заклучно со 1 септември. 

Град Скопје соопшти дека сообраќајната полиција, во соработка со градските инспектори и Центарот за управување и контрола на сообраќајот, врши засилени контроли на терен за тоа дали се почитува забраната за движење на тешки товарни возила по градските улици. Сите субјекти што не го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим, се санкционираат, се казнуваат и се пренасочуваат за движење по скопската обиколница.

Контролите, како што се наведува, ќе продолжат и во наредниот период, до завршувањето на забраната за движење. Градот Скопје мерката ја воведе за да се заштити коловозот од оштетувања предизвикани од големата тежина на товарните моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.
 
Градот Скопје ги повикува сите учесници кои управуват тешки товарни возила да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат на воведениот сообраќаен режим. 

14.08.2014 - 13:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега