Заспал и излетал од патот - една жена загина, 30 поведени

Едно лице го загуби животот, 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава во 5:55 часот на автопатот помеѓу Бачка Топола и Суботица.

До несреќата дошло кога на автопатот се превртел автобус со турски регистарски таблички, кој превезувал млади луѓе, веројатно на екскурзија. Крајната дестинација била Германија, а во него имало 37 патници, од кои еден е потешко повреден, а погина 50 - годишна жена.

Според првичните информации, автобусот излетал од десната страна на автопатот, а според длабоките траги што ги оставил зад себе може да се претпостави дека возачот заспал. Автобусот е потполно уништен.

Портпаролот на Итната помош, др. Михаела Будимски, соопшти дека оваа служба згрижила 15 повредени, од кои двајца имаат тешки повреди. Според нејзините зборови, во Општата болница во Суботица се наоѓаат 30 повредени.

 

14.08.2014 - 09:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа