Каменуван воз во Кичево

Вчера околу 14:25 часот, засега непознати лица каменувале воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје. Од МВР информираат дека било скршено едно прозорско стакло од врата на вагон, сопственост на ЈП Македонски Железници.

Каменувањето, информираат од МВР, било извршено веднаш по тргнување на возот од Железничка станица Скопје Север кон Скопје. Повредени патници нема. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

 

најчитано сега