Фидел Кастро денеска слави роденден
Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро денеска го слави 88. роденден и по тој повод е реновирана куќата во која се родил, во гратчето Биран, јави кубанската државна телевизија.
Работите на музеј - куќата каде Фидел и неговиот помлад брат Раул се родени трае веќе неколку недели, и во голема мера ги надминале почетните планови, пренесе сајтот "Latin Amerika herald tribjun".
Како што тврдат неговите биографи, Фидел Кастро е роден на 13. август 1926. година, како трето од седумте деца на шпанскиот имигрант Анхел Марија Кастро и кубанската селанка Лина Рус.
Фидел Кастро ја предводеше комунистичката револуција во која е симнат од власт претседателот на Куба, Фуленсио Батиста, на 1. јануари 1959. година и управуваше со земјата до 2006. година, кога поради тешка болест му ги пренесе овластувањата на помладиот брат Раул роден 1932. година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа