Еве што се случило со возачот на Фиестата - детали за сообраќајката во која загина осуммесечното бебе

 

21-годишниот Рајко Радојковиќ од Ниш кој се сомничи дека на 28 јули возејќи со својот автомобил Фопрд Фиеста во Македонија предизвика страотна сообраќајка во која почина малото осуммесечно ангелче Андрија Маринковиќ, на сослушувањето кај обвинителот истакна дека не можел да го избегне сударот поради кесе кое му се нашло на патот.

Според податоците од српскиот Ало, осомничениот изјавил дека возел со прилагодена брзина на условите на патот, но одеднаш се нашло кесе пред него додека претицувал. Не можел да се снајде и да го врати автомобиот во својата лента на коловозот. Како што изјавува обвинителот за Ало, Рајко истакнал дека му е навистина жал што починале бебенцето и неговиот чичко.

Засега не е земена изјава од мајката на бебето на која и е скршена кичмата и не е во состојба да зборува. 

За делото доколку се покаже дека е виновен, Рајко би добил повеќе до 5 години затвор.

13.08.2014 - 09:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега