Најголем вооружен грабеж во историјата на Чиле

 

Група од осум маскирани вооружени лица украле седум милиони долари од блиндирано возило на аеродром во Сантијаго, главниот град на Чиле, соопштија чилеанските власти.

Тоа претставува најголемиот грабеж во историјата на земјата.

Напаѓачите на аеродромот пристигнале со три возила и ги блокирале чуварите што го следеле возилото на американската компанија за обезбедување „Бринкс“.

- Првичната истрага покажува дека се украдени над четири милијарди пезоси (околу седум милиони долари), но се уште не е позната точната сума, изјави обвинителот Луис Пабло Кортес.

Камионот превезувал пари, кои што требало да бидат пренесени со авион во банка во северниот дел на Чиле.

13.08.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега