Две момчиња избодени со нож поради бурек

Две млади момчиња се повредени по расправија со сопственик на една задарска пекара. Расправијата започнала поради бурек, пренесуваат хрватските медиуми.

Четири момчиња на возраст од 19 до 21 година, почнале да чукаат на вратата од пекарата, барајќи од сопственикот да им продаде бурек и две пецива. Но, сопственикот (48), ги одбил момчињата, објаснувајќи им дека работното време е завршено. Момчињата се збеснале и почнале силно да удираат по вратата од пекарата. Ситуацијата излегла од контрола кога момчињата скршиле едно од стаклата на пекарата и го нападнале 20 годишниот син на сопственикот. 48 годишникот, за да го одбрани својот син, земал нож и прободел две од момчињата. Едно од нив било прободено во ногата, додека другото момче заработило повреда на крвната жила под еден од пазувите, па сега се бори за живот во задарската болница.

Хрватската полиција привела две од момчињата, сопственикот на пекарата и неговиот син. Повредените момчиња биле пренесени во болница со возило на Брзата помош.

најчитано сега