Во Кина родена тројка џиновски панди

 

Кинеската зоолошка градина во Гуангжу, на југот на Кина, претстави денеска тројка џиновски панди, единствени во заробеништво кои успеале да преживеат.

Младенчињата родени на 29 јули, одредено време поминале во инкубатор, а потоа се вратени на мајката Ѓусијао.

Тројките се „ново светско чудо“ бидејќи смртноста кај младенчињата панди е голема.

Полот на младенчињата не е соопштен.

Некои експерти за овој загрозен вид тврдат дека, додека младенчињата не наполнат шест месеци, рано е да се каже дека се надвор од опасност.

Џиновската панда е загрозен вид животно. Проценето е дека во дивина преостанале само 2.000 панди, а речиси 200 живеат во заробеништво во Кина. 

12.08.2014 - 22:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега