Драма на плацот на Пајак сервисот - возач ја скршил рампата и собрал полицаец на хауба

 

Возач повредил полицаец во Белград, Србија, обидувајќи се да не ја плати казната откако автомобилот му го дигнал пајак сервисот.

Дежурниот полицаец кој работел со работниците на паркинг сервисот е повреден во инцидентот кој вечерва околу  20часот се случил на плацот на паркинг сервисот на Калемегндан.

Возачот со веќе собраното возило стартувал и ја пробил рампата а потоа го удрил полицискиот службеник и го влечел десет метри на хаубата

Полицаецот со лесни повреди е префрлен во Ургентниот центар, а службениците на полициската станица Стари град го уапсиле напаѓачот.

 

 

12.08.2014 - 22:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега