Последното интервју на Робин Вилијамс

 

Починатата актерска легенда Робин Вилијамс во своето последно интервју за Гардијан зборуваше за својот живот и катастрофите што му се случиле.

Глумецот кој синоќа е пронајдем мртов, со години се борел против пороците. Неодамна раскажа дека после напорната година во која снимил дури четири филмови, одлучил повторно да се пријави во центар за рехабилитација.

Вилијамс пред раѓањето на неговиот син во 1983. година уживал во кокаин и алкохол, а кога станал татко одлучил целосно да се посвети на рехабилитацијата. Во тоа успеал и бил "чист" 20 години. Меѓутоа, за време на снимањето на филмот "The big white" во 2003. година повторно почнал да пие.

- Бев во малечко гратче кое не е на крајот на светот, но можете да го видите од таму. Помислив дека алкохолот може да ми помогне бидејќи бев осамен и ми беше страв. Премногу работев и на крајот одлучив да ја направам најлошата работа на светот и да почнам повторно да пијам, откри Вилијамс.

Тој опишува како после првата голтка се чуствувал топло и убаво, но веднаш сватил дека има проблем и дека никој неможе да му помогне. 

- Таа прва недела се лажете самите себе, мислите дека можете да престанете и тогаш вашето тело се буни и вели: не, имаш кога да престанеш. После тоа ми беа потребни три години да престанам, раскажуваше актерот.

Неговиот втор брак заврши со развод во 2008 година поради опивање, иако тогаш веќе бил трезен.

- Се срамев од тоа каков човек бев, правев гадни работи. Од тоа тешко се опоравува, секој може да каже дека ми простува, но тоа не е исто со опоравување. Неможеш да поминеш преку тоа, тврдеше Робин.

 

 

12.08.2014 - 15:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега