АХВ утре ќе ги објави финалните резултати
Во врска со минатонеделните активности поврзани со контролите во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, како резултат на известувањето од Министерството за здравство за детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сечкан свински врат земено од малопродажен објект во Гевгелија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на законските надлежности зедоа мостри за лабораториско испитување од спорните лотови од производот сечкан свински врат, од работните површини, машините и од сите други места во погонот на оваа компанија, за утврдување на евентуално присуство на листерија.
По комплетирање на резултатите од лабораториските испитувања (најавено за утре), Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги објави финалните резултати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа