Месарот од Србија убил уште едно девојче?
Убиството на 15 годишната Тијана ги спои судбините на двете семејства од Суботица, Србија. Светлана Симендиќ, мајка на една година постарата Милица, веќе 4 години трага по убиецот на нејзината ќерка. Грозниот чин се случил на периферијата на градот, а полицијата се уште нема одговор кој и го одзема животот на нејзината ќерка
Апсењето на Драган Џуриќ, 34 годишниот месар од Сурчин, роди сомнеж кај мајката на Милица, дека и нејзината ќерка, може да е жртва на српскиот монструм.
„Немам ниту еден доказ, но мајчинскиот инстинкт ми вели дека можеби тој човек пред 4 години ја уби и мојата Милица“ - вели Светлана за Вечерни новости.
Се надева дека случајот со нејзината ќерка нема да падне во заборав и дека правдата ќе го стигне убиецот.
„Исчезнувањето на Тијана длабоко ме потресе, а од моментот кога дознав дека е пронајдена мртва, ниту јадев, ниту спиев. Без престан мислев на неа. Мене се ми се случи за еден момент, а тие со денови беа во неизвесност. Стапив во контакт со таткото на Тијана, Игор и во краток разговор се договоривме да се видиме и да поразговараме за заедничките маки, но за жал, во меѓувреме се дозна за трагичната судбина на девојчето. Единствено што можев да направам е да отидам на погребот на малиот ангел“ - вели Светлана.
Таа е решена да открие, кој на 7 октомври, 2010 година во периферијата на Суботица ја уби нејзината ќерка. Малата Милица била нападната од зад грб. Паднала мртва откако убиецот со нож и го пресекол вратот.
Мајката продолжува да се сомнева дека токму убиецот на Тијана, ја решил судбината и на нејзината ќерка.
Полицијата не дава официјални информации, ниту пак ја отфрлаат можноста месарот од Сурчин да имал и други жртви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа