"Ако не дојдеш со мене ќе те убијам" - тетовчанка преживеала хорор

Тетовчанка преживеала вистински хорор. Според податоците од полицијата, 48-годишниот А.Н. од Тетово на 17 минатиот месец отишол во семејната куќа на мајката на неговата невенчана сопруга и со пиштол и се  заканил дека ќе ја убие доколку не отиде со него на нотар да потпише изјава дека е согласана нивниот малолетен син да отпатува со него во странство.

Откако жената одбила да потпише на нотар, насилникот физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници. Несреќната тетовчанка случајот го пријавила во полиција, а откако бил извршен претрес во домот на пријавениот, се обидел физички да ги нападне и полициските службеници.

12.08.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега