Починал на лице место - уште една страотна сообраќајка ја потресе Македонија

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Синоќа двајца штипјани со моторцикл Јамаха тргнале кон падините на Плачковица, за да се повозат, но возачот Ј.М. изгубил контрола и паднал на коловозот. 

Како што пренесува Канал5, на местото на несреќата поради сериозноста на повредите починал сопатникот, 41-годишниот Ангелче Костадиновски, додека возачот се здобил со сериосни повреди и е задржан во штипската болница. 

Се истражуваат причините за несреќата.

12.08.2014 - 10:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега