Една селфи фотографија им го однесе животот- брачна двојка падна во провалија пред своите деца

 

Брачен пар од Полска загина на познато туристичко место во Португалија. Полската амбасада во Лисабон сега се грижи за нивните две деца кои се на возрастт од 5 и 6 години.

Една селфи фотографија ја чинеше живот оваа брачна двојка од Полска кои биле на одмор во Португалија. Додека позирале да направат селфи, паднале во провалија на познатото туристичко место Litice Kabo da Roka.

Полската двојка падна од 80 метри висина, а нивните две деца биле сведоци на таа трагедија.

Обидот да се дојде до телата бил неуспешен поради влошувањето на временските услови на Атланскиот океан. Португалските власти го истражуваат случајот, но веруваат дека двојката сакала да направи селфи и паднала.

Спасувачките служби во неделата успеале да ги извлечат телата на сопружниците. Децата во моментов се во полската амбасада каде за нив се грижат полски дипломати, во моментов се многу истрауматизирани и се под надзор на психијатар.

 

12.08.2014 - 09:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега