Рајна, Дунав и Некар ја поплавуваат Германија

Поројните дождови во јужниот и источниот дел од Германија го зголемија нивото на реки по што и властите почнаа со преземање мерки за заштита од надојдени реки, јави ДПА.

Нивото на водите на Рајна, Дунав и Некар постојано се зголемува, а има закана и за поплави од помали реки.

Најмалку две лица загинаа во поплавите во Германија во изминатите два дена.

Властите во Пасау се подготвуваат за значително зголемување на нивото на Дунав чии води до утре се очекува да бидат двојно над нормалното ниво. Во блискиот град Борна е издадено предупредување за природна непогода. Австрија, Чешка и Швајцарија исто така засилуваат напори за заштита од надојдени реки.