И денеска дожд и свежо време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Во попладневните часови и кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 17 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено претпладне и во пладневните часови, додека попладне врнежите ќе престануваат. Дневната температура ќе достигне до 22 степена.