Носот постојано му крварел - лекарите останале шокирани кога ги виделе снимките!

 

Лекарите постојано се соочуваат со секакви болести, но ова што го откриле кај ова младо момче сите ги шокирало. Поради постојано крварење на носот, младо момче од Саудиска Арабија отишло на лекар, а на рендгенските снимки било откриено дека во неговиот нос расте заб долг 1,3 сантиметри.

Како што објавува American Journal of Case Reports, забот кој растел во носот постојано го гребел, со што носот постојано му крварел. 

Лекарите биле особено изненадени што 22-годишното момче немало проблеми со забите и му биле здрави и убаво поставени.

11.08.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега