Милан ги сака Пандев и Џемаили
Според италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, Милан сака да ги ангажира двајцата фудбалери на Наполи, тетовецот Блерим Џемаили и струмичанецот Горан Пандев. Росонерите се подготвени на двајцата играчи да им понудат договор на две години.
Горан Пандев е во втор план кај тренерот Рафа Бенитез, па поради тоа речиси сигурно ќе замине од „Сан Паоло“, а непозната е само неговата следна дестинација.
Интерес покажаа неколку европски клубови, како и Гвангжу од Кина чиј тренер е Марчело Липи, но неговата желба е Италија и Серие А, па се чини дека Милан е во пол-позиција.
Блерим Џемаили, кој е роден во Тетово, но настапува за Швајцарија, добива шанса од Рафа Бенитез, но сепак и тој има желба да ги смени клупските бои во летниот преоден рок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа