ВИДЕО: Изгледа прекрасно - погледнете го главниот град на Северна Кореја

 

Северна Кореја е изолирана од остатокот на светот, па затоа оваа мистериозна земја ја интригира имагинацијата на јавноста.

Снимателите  Џеј.Ти. Синг и Роб Литлорт отпатувале во Северна Кореја и со помош на државната туристичка агенција снимиле видео за главниот град Пјонгјанг.

Секако, снимателите немале целосна слобода, како и останатите странски посетители на секој чекор имале придружба. Не им било дозволено да ги снимаат градилиштата, неразвиените локации и војската.

Иако овие ограничувања оставиле белег на крајниот производ, сепак видеото дава шанса да го погледнете Пјонгјанг од нова перспектива. 

11.08.2014 - 11:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега