Цеца низ солзи и ја посвети „Пиле" на малата Тијана

Светлана Ражнатовиќ Цеца, балканската дива, одржа емотивен концерт пеејќи на Соборот на трубачи во Гуча. Пејачката настапи пред 20.000 луѓе, а потполно спонтано својот хит “Пиле“ и го посвети на свирепо убиената Тијана Јуриќ.

-Сакам на семејството Јуриќ да му изразам сочуство. Останавме без еден прекрасен ангел. Оваа несреќа многу ме потресе. Не зборувам како родител, туку како човек. Од срце и целосно спонтано и ја посветив песната. Едвај ја отпеав – вели Цеца за српски “Курир“, признавајќи дека во еден момент додека ја пеела “Пиле“ пуштила и солза.

11.08.2014 - 10:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега