Убиецот на Тијана ужива во затворот?!
Монструмот Драган Џуриќ кој ја уби 15-годишната Тијана Јуриќ и го зави Балканот во болка и тага, ужива во затворот.
- Не е во самица, сместен е сам во повеќекреветна соба со оглед на тоа што моментално во затворот има слободни места и не би ризикувале останатите затвореници да го нападнат. Ни овде засега не покажува никакви емоции, не разговара ни со чуварите и до сега немаше никакви барања. Од петокот е во ќелијата, но до денес никој не го посетил, дури ни мајка му, рекол извор од затворот за Ало.рс.
Пред вратата на убиецот постојано има стражар кој го чува.
- За појадок јадеше меснен нарезок и јајце, мармалад и леб и испи чаша чај, додека за ручек имаше зелка со месо, леб и салата. Секој оброк го прими и изеде без ништо да каже, додал изворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа